Бен Афлек и Џенифер Лопез во друштво на Џенифер Гарнер и децата

Пејачката и актерка Џенифер Лопез и актерот Бен Афлек се венчаа во 2022 година по обновувањето на својата врска 17 години по раскинувањето на свршувачката.

Во меѓувреме, Бен беше во брак со колешката Џенифер Гарнер, со која има три деца, ќерките Виолет и Серафина и синот Семјуел. Од друга страна, Лопез беше во брак со пејачот Марк Ентони, со кој ги има близнаците Макс и Ема.

Афлек и Гарнер се разведоа во 2018 година по 13 години брак, а Лопез тогаш имаше свршеник. Меѓутоа, и таа набргу ја раскина свршувачката, а недолго потоа се појавија шпекулации дека таа и актерот се смириле.

Тоа се покажа како точно, а малку подоцна се венчаа, првин тајно во Лас Вегас, а потоа им приредија интимна церемонија на своите најблиски. Сепак, Бен остана во добри односи со поранешната сопруга, а како што постојано нагласуваа, Лопез одлично се сложува со Гарнер.

Тие тројца неколкупати се фотографирани заедно како разговараат и учтиво се поздравуваат, а сега се фотографирани и по еден настан во Лос Анџелес.

Џенифер Гарнер пристигна на настанот со своите и со двете деца на Бен – Серафина и Семјуел,  Афлек и Лопез дојдоа со нејзината ќерка Ема. Тие излегоа насмеани и расположени и уште еднаш докажаа дека сите може добро да соработуваат, пред сè, поради децата.

Како што објавија медиумите, Бен одлично се сложува со новиот избраник на поранешната сопруга – Џон Милер.

31.01.2024 - 21:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега