Бајден: Му испративме порака на Путин дека Украина и САД се обединети

 

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека неговата средба „еден на еден“ со украинскиот претседател Володимир Зеленски испраќа порака до рускиот претседател Владимир Путин дека САД и Украина се обединети.

„Беше многу важно Путин и сите други да видат дека претседателот Зеленски и јас сме обединети, дека двете земји стојат заедно, за да се уверат дека тој не може да успее“, рече Бајден, според Си-Ен-Ен.

Бајден вчера официјално објави дека САД ќе испратат дополнителен пакет помош од 1,8 милијарди долари за Украина, во кој ќе биде вклучен и ракетниот одбранбен систем Патриот.

22.12.2022 - 09:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега