Алијанса за Албанците: Муртезани и Фетаи да сносат одговорност за скандалот со ИПА фондовите

 

Алијанса за Албанците реагира по повод лицето задолжена за ИПА фондовите. Вели дека главната одговорност за ваквиот пропуст го имаат Орхан Муртезани и Арбен Фетаи.

„Уште пред да поминат 100 дена, моноетничката и нелегитимна Влада го доби најтешкиот удар што го има Европската Унија, и тоа по вина на албанските партии кои во исто време ги демантират своите проевропски заложби.

Назначувањето на непрофесионален, несоодветен кадар, без потребните подготовки и без потребните сертификати, задолжена за ревизија за ИПА фондовите, ризикува земјата да загуби еден од најважните инструменти за спроведување и развој на реформите и европските стандарди.

Аматеризмот на партиите кои ги загубија изборите, немањето основни познавања во владеењето и особено во евроинтеграцискиот процес, ги прави овие партии најголем ризик за европската иднина на земјата. Не е довлно само разрешувањето на глабната ревизорка, но за ова некој треба да сноси и одговорност. Главната одговорност за овој мега скандал сносат министрите Орхан Муртезани и Арбен Фетаи, едниот одговорен за евроинтеграции, а другиот за „добро владеење“.

Ваквите авантури, нивната желба за партизација и заробување на значајни институции од страна на партиски милитанти, непочитување на стандардите и законите, сериозно го нарушуваат имиџот на државата и евроинтегративниот процес, кој и така е нарушен и загрозен со други постапки на Владата кои се случија од првиот ден од нивното доаѓање.

Повеќе од месец и половина од изборот на Владата, оваа коалиција и нанесе голема штета на државата за што ќе треба време да се санират. Ги повикуваме партиите што ги загубија изборите да си заминат пред да се направи повеќе штета и пред да биде доцна за се“, велат од Алијанса за Албанците.

10.08.2024 - 21:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега