Златко загина откако врз него падна лифт- Останал заробен под него, сцената ужасна, голема трагедија во Србија
Работникот Златко Ивачич од Чуприја трагично настрада во несреќа со лифт, кога во саботата, од засега непознати причини, го приклешти товарен лифт за роба во трговски центар во тој дел од Србија.
Според српските медиуми, несреќата се случила на 31 Мај, во саботата, во 8 часот и 50 минути, а за жал лекарите на Итната помош не можеле да направат ништо освен да констатираат смрт кај несреќниот маж.
По трагедијата, блиските на Златко се простуваат од него на социјалните мрежи.
- Настрада еден од најдобрите луѓе во Чуприја. Златко никогаш со никого се нема замерено. Душа од човек. Вреден човек. Сочувство, стои во една објава.
- Мој добар соседу, почивај во мир, нека те чуваат ангелите, стои во друга објава.
Истрагата за несреќата и понатаму е во тек, за да се открие како товарниот лифт паднал врз работникот.
Сцената на местото на настанот била ужасна, со оглед на тоа дека тој останал заробен под лифтот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа