Жена пронајдена почината во викендица во Свети Николе

Вчера во 19.00 часот во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека во викенд куќа на место викано „Овче поле“ била пронајдена почината Б.С., на возраст од околу 60-тина години.

Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од ОВР Свети Николе и по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било дадено за обдукција.

02.07.2024 - 15:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега