Зеленски: Ако Трамп знае како да ја заврши војната во Украина, не треба да го чека исходот од изборите

Ако Доналд Трамп знае како да ја заврши војната во Украина, не треба да го чека исходот од ноемвриските претседателски избори за да ги открие деталите, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Како новоизбран претседател, ќе ја решам војната меѓу Путин и Зеленски пред да ја преземам функцијата на 20 јануари“, рече поранешниот претседател Трамп за време на минатонеделното телевизиско интервју со актуелниот претседател Џозеф Бајден, пренесува порталот Политико.

Иако републиканскиот претседателски кандидат не ги откри јавно своите планови за Украина, тој изјави дека завршувањето на војната ќе биде една од неговите први задачи доколку повторно стане претседател.

„Ако Трамп знае како да стави крај на оваа војна, треба да ни каже денес. Затоа што ако има ризици за независноста на Украина, ако има ризици да ја изгубиме нашата државност, сакаме да бидеме подготвени за тоа“, рече Зеленски во интервју за ТВ Блумберг.

03.07.2024 - 20:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега