Двајца мажи завршија зад решетки - полицијата им најде марихуана

На 04.07.2024 во 18.20 часот во Скопје на подрачјето на Чаир полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода А.А.(29) и Ф.Е.(27), двајцата од Тетово, поради тоа што при извршен преглед во патничкото возило кое го управувал Ф.Е., била пронајдена и одземена марихуана.

Малку подоцна, полициски службеници од СВР Тетово, извршиле претрес во нивните домови во Тетово, при што во домот на А.А. била пронајдена дигитална вага со остатоци од марихуана.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

05.07.2024 - 20:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега