Мицкоски од Вашинтон најави нова инвестиција: Тежи 35 милиони евра

 
Премиерот од Вашингтон најави нова, трета инвестиција по ред во земјава. Станува збор за американскиот Вабтек кој ќе инвестира во Македонија и таа тежи 35 милиони евра.
„Уште една одлична вест, од Вашингтон.
Трета недела, за трета нова странска инвестиција.
По инвестицијата од 500 милиони долари на Алказар Енерџи во ветерен парк која е најголема во регионот и инвестицијата на германско белгиската компанија Епсотех Аим во Петровец од 20 милиони евра, Американски Вабтек ќе инвестира во Македонија. Компанијата Вабтек е дел од петстоте најголеми компании во САД.
Остварив средба со извршниот Потпретседател на компанијата во Вашингтон каде што беше потврдена динамиката на реализација на новата инвестиција.
Повеќе од 100 нови вработувања, инвестиција вредна 35 милиони евра.
Ќе се инвестира во производство на сопирачки за шински возила.
Поголем извоз за подобра иднина.
Исполнуваме
За тебе!“, напиша Мицкоски на ФБ. 

08.07.2024 - 20:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега