Земјотрес ја погоди Црна Гора

 

Денеска земјотрес со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала го потресе подрачјето на Црна Гора, јавува ЕМСЦ.

Епицентарот на земјотресот бил во близина на границата со Босна и Херцеговина, на околу 25 километри источно од Гацко, а бил почувствуван и на територијата на Херцеговина. Земјотресот е регистриран на длабочина од 9,2 километри.

Нема податоци за евентуална материјална штета предизвикана од земјотресот.

03.07.2024 - 12:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега