Зеленски: Пристапувањето на Украина ќе го зајакне НАТО

 

 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски уште еднаш побара неговата земја наскоро да биде примена во НАТО, нагласувајќи дека пристапот на Украина ќе го направи НАТО уште посилен. Зеленски вчера разговараше со полскиот претседател Анджеј Дуда за јулскиот самит на НАТО во Вилнус.

„Ова е моментот кога треба целосно да ги уништиме руските идеи дека некој во НАТО сè уште се плаши од нив“, рече Зеленски во своето видео обраќање.

„Таквите претпоставки ги поттикнуваат агресивните амбиции на Русија. Мораме и можеме да ги неутрализираме“, додаде тој.

Украинскиот претседател смета дека приемот на Украина во НАТО ќе го зајакне тој воен сојуз. Зеленски зборуваше и за подготовките за конференцијата за обнова на Украина во Лондон, нагласувајќи дека ќе ја обнови секоја руина во земјата.

„Кога урнатините исчезнуваат,  самата идеја за агресија се губи “, рече тој. Тој повторно го критикуваше недоволното спроведување на санкциите против Русија. Тој го наведе примерот со рускиот ракетен напад врз Одеса. Зеленски рече дека компонентите на ракетите користени во нападот биле од други земји. Русија нема да може да лансира ракети кон Украина доколку санкциите се спроведуваат доследно, заклучи тој.

15.06.2023 - 23:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега