Запознајте ја најубавата мачка на светот - Тор
Се чини дека смарагднозелените очи на бенгалскиот Тор маѓепсаа многумина. Имено, оваа мачка ги воодушевува со својот изглед дури и оние кои не сакаат мачки. Кој би му одолеал на прекрасното крзно како бенгалски леопард и на зелените очи?
Хибриди на големи мачки можеа да се најдат во европските зоолошки градини уште на почетокот на 19 век. Она што се покажа како непрактично за зоолошките градини, сепак беше пренесено во светот на малите мачки. Со сè поголем ентузијазам се разививаат раси на мачки преку парење на видови диви со домашни мачки.
Најпознат пример е бенгалската. Тоа беше резултат на вкрстување на питома, црна домашна мачка и дива азиска леопард мачка.
Поточно, потеклото на оваа раса доаѓа од САД. Таму, генетичарката Џин Мил првпат се обидела да вкрсти азиска леопард мачка со домашна мачка во 1963 година. Целта било да се создаде питома домашна мачка која импресионира со оригиналниот изглед на своите предци. Резултат: раса мачки која маѓепсува со издолжениот раст и посебната боја на влакното – во зависност од тоа колку се блиски со своите диви роднини.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа