Запалено српското знаме во северниот дел на Косово

Непознати лица го запалиле знамето на Србија во близина на кафеана во северниот дел на Косово, соопшти управата на полицијата во Приштина.

По прегледувањето на видеото, „забележано е дека покрај локалот поминале четири непознати лица и постои сомневање дека едно од нив го запалило знамето“, пренесе РТС.

Заменик директорот на полицијата за северниот регион Ветон Елшани за медиумите потврди дека тоа е знамето на Србија.

11.07.2024 - 16:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега