За Велигден уживајте во сончевото време, со рано летни температури на воздухот

 

За време на најголемиот Христијански празник (Воскресение Христово, Велигден) ќе имаме стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

И во Скопје за Велигден времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Што се однесува до температурите, тие ќе бидат рано летни, и тоа поради влијанието на топлата воздушна маса од југ. Максималните дневни температури за време на овој најголем Христијански празник ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 29 степени. Во Скопје  и околината максималната дневна температура на воздухот ќе се искачи до околу 27 степени.

Убавото време за Велигден искористете го максимално, и уживајте во празничниот сончев и топол викенд кој ни доаѓа.

15.04.2025 - 22:02

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега