За првпат жена стана свештеник во Ерусалим
На церемонија во Ерусалим, палестинката Сали Азар за првпат беше ракоположена за протестантски свештеник во Светата земја, јавува Би-Би-Си.
Нејзиното ракополагање за свештеник се одржа во преполна црква во Стариот град на Ерусалим, јавува Би-Би-Си.
Околу 47.000 христијани живеат на Западниот Брег и Појасот Газа од 2017 година.
Мнозинството палестински христијани припаѓаат на верски заедници кои не дозволуваат женски свештеници, а многу мало малцинство се приврзаници на протестантските конгрегации кои имаат жени за свештеници.
23.01.2023 - 11:18
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа