За плати во јавен сектор во буџетот следната година 200 милиони евра повеќе

 

17 милијарди денари, или 276 милиони евра повеќе за поддршка на Фондот за пензиско осигурување.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска на прес-конференција најави дека во Буџетот за идната 2025 ќе има околу 200 милиони евра повеќе за зголемување на платите во јавниот сектор и администрацијата.

- Во однос на платите, има 3,5 милијарди денари за плати, 2 милијарди има повеќе за дотации,тоа се во ставката образование нели, во делот на Фондот за здравство 5,2 милијарди денари имаме плус,тие треба да ги обезбедат платите дополнително на здравствените работници. Плус имаме 2 милијарди денари како резерва за кои ќе знаеме како ќе се трошат во зависност од тоа што е договорено на економско-социјалниот совет, појасни Димитриеска Кочоска.

pastedGraphic.png

Министерката рече дека за 500 милиони денари има зголемување за социјални трансфери, но и дека ќе функционира единствен регистар на податоци за правилно искористување на средствата за социјална помош.

01.11.2024 - 13:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега