Времето денеска сончево со умерена облачност


Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 15 до 21 степен.

Во Скопје сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 19 степени.

Во вторник под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни и поројни, проследени со ретки грмежи и засилен ветер. Потоа во следните денови ќе има повремени локални врнежи од дожд со слаб, а во четврток наместа со умерен интензитет.

22.04.2024 - 08:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега