Пукање на ЛГБТ парадата во Њујорк, две лица се ранети
Две тинејџерски се ранети во близина на бар во Њујорк, за време на прославите на месецот на гордоста, кои влегуваат во последните часови.
Според полицијата, 16-годишно девојче е во критична состојба откако било застрелано во главата, додека 17-годишничка има само рана во ногата, и е во стабилна состојба.
Инцидентот се случил во 22:00 часот по локално време на плоштадот Шеридан во населбата Гринич Вилиџ, многу блиску до барот кој важи за култен геј бар.
Полицијата го истражува случајот. Градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс изјави дека е „разочаран“ од веста за пукањето.
30.06.2025 - 22:39
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа