Времето денеска: Сончево, попладне се очекува краткотраен дожд
Времето денес ќе биде ончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има изолирана појава на краткотрајна нестабилност. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени. УВ=8
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне со услови за краткотраен дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 31 степен.
За време на наредните денови ќе биде Стабилно, во деновите од викендот со засилен, долж Повардарието и во источните делови повремено силен ветер од северен правец (над 60 km/h) што ќе услови намалување на дневната температура. Од понеделник дневните температури ќе бидат во значителен пораст.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа