Кузеска: Мицкоски да ја разреши Кочовска за навредите

 

„Навредите и дискриминацијата на Гордана Кочоска кон пратеничката Петровска и кон сите жени не смеат да бидат затворена тема. Кога министерка јавно ќе изјави дека жена која од одредени причини не можела да има деца нема право да зборува за семејството, тоа не е само навреда. Тоа е понижување. Тоа е ароганција. Тоа е дискриминација. Тоа е нечовечност. И наместо да се извини, да ја признае својата грешка и да поднесе оставка, Кочоска продолжи со напади, обвинувајќи дека некој `глумел жртва`“ рече денеска на прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Според неа, „Со ова однесување, Кочоска покажа дека нема ниту грам морал, ниту грам совест. ДПМНЕ и Кочоска докажаа дека не ги разбираат вредностите на современото демократско и слободно општество и не ја чувствуваат болката што ја предизвикува ваквиот однос. Ова не е само навреда – ова е удар врз секоја жена, врз секој граѓанин кој некогаш бил дискриминиран. Министерка која навредува, дискриминира и гази врз човечкото достоинство не смее да биде дел од Владата“.

„Бараме Мицкоски веднаш да ја разреши Кочовска. Таа има прекршено најмалку девет члена од Етичкиот кодекс на министрите. Нејзиното разрешување е чин на праведност, чин на почит кон секоја жена човек кој бил жртва на дискриминација. Сега, Мицкоски, ти си на потег. Ќе покажеш ли храброст да ја разрешиш Кочоска? Ќе застанеш ли зад моралните вредности или ќе продолжиш да ја штитиш?“ праша Кузеска.

Напомена дека „СДСМ нема да дозволи омаловажувањето да стане новото нормално во државава. Ќе продолжиме да бараме морална одговорност и да се бориме против сите понижувања, дискриминации, омаловажувања и навреди на оваа власт“.

01.03.2025 - 12:41

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега