Времето денеска сончево и топло со температури до 29 степени


Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12, а максималната ќе достигне од 23 до 29 степени.

Во Скопје сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне 28 степени.

01.04.2024 - 08:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега