ВРЕДИ: ДУИ да објаснат каде се вработени семејствата на функционерите“

 


Партијата прогласена за Non Grata од меѓународниот фактор реагирала на вработувањата на Албанците во државните институции. Тие преку клевети сакаат да ги покријат своите неуспеси во периодот додека повеќе од две децении беа на власт. Широката јавност многу добро знае дека тие 20 години се грижеа единствено за вдомување на своите семејства, и тоа на работни места каде месечната плата е повеќекратно повисока од просечната во РСМ, се вели во соопштението од ВРЕДИ.

„Наместо да дадат отчет зошто Албанците ги претворија во администратори без работа и зошто ги оставија без реална застапеност, функционерите на ДУИ избираат да клеветат.

На оние што излегуваат на прес-конференции, им порачуваме да се вратат во канцеларија и да го прашаат својот шеф Бујар Османи, кој е и шеф на штаб, и кандидат за градоначалник, а воедно и потпретседател на партијата, зошто ги лаже!

Нека го прашаат Османи каде е вработена неговата сопруга, чие име од коректност нема да го спомнеме? Но, пред да прашаат, ние им откриваме дека сопругата на Бујар Османи зема месечна плата над 100 илјади денари, што изнесува колку четири плати на администратори кои ДУИ ги лажеше повеќе од 20 години.

Исто така, нека прашаат каде е вработена неговата сестра и колкава е нејзината месечна плата?

Албанците добро знаат дека во М-НАВ, сестрата на Бујар Османи зема месечна плата над 3 илјади евра, што е колку шест плати на еден друг администратор.

ВЛЕН нема повеќе да наведува имиња, но предупредува дека во наредните денови целосно ќе го обелодени непотизмот и вработувањата на семејствата на ДУИ во последните 20 години, овој пат со име и презиме.

Исто така, за направените клевети ќе се иницира соодветна постапка доколку не биде побарано јавно извинување од ДУИ“, велат од ВРЕДИ.

03.09.2025 - 17:21

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега