Вработените на Роналдо не смеат да споделуваат информации за него 70 години по неговата смрт

 

Арапите почнаа да се интересираат за приватниот живот на Кристијано Роналдо (38) откако Португалецот во зимскиот преоден рок се пресели во клубот Ал Наср.

Приближно три месеци по потегот кој го изненади целиот фудбалски свет, Саудијците од европскиот печат дознаа еден помалку познат детаљ поврзан со начинот на кој Роналдо комуницира со своите вработени.

Според германскиот дневен весник Der Spiegel, цитиран од арапскиот печат, Роналдо, Георгина Родригес и нивните пет деца отворено разговараат за прашања поврзани со нивниот приватен живот пред вработените и не чувствуваат потреба да кријат ништо од нив.

Тоа е затоа што Роналдо има договор со сите негови вработени, било да се тоа телохранители, готвачи или возачи, според кој информациите поврзани со животот на Роналдо не можат да се обелоденат дури 70 години по неговата смрт.

Доколку соработниците на Роналдо не ја испочитуваат клаузулата од договорот за вработување, може да бидат тужени или директно од самиот Роналдо или неговите роднини.

Роналдо со саудискиот фудбалски гигант потпиша договор до летото 2025 година, а во Ријад ќе заработи вистинско богатство.

 

Основната плата на Роналдо во Ал-Наср ќе биде околу 70 милиони евра, но заедно со бонусите и спонзорските договори Португалецот ќе заработува 200 милиони евра годишно или 500 милиони за целиот договор.

15.03.2023 - 16:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега