Вознемирувачко видео: Патник го снимил падот на авионот од Непал

 

Спасувачите денеска открија две црни кутии од непалскиот авион што се урна во неделата.

Податоците од пилотската кабина и рекордерот на податоци за летот може да помогнат во истрагата за утврдување на причините за падот на авионот АТР-72 во близина на градот Покар.

Службеникот на аеродромот во Катманду, Текнат Ситаула, рече дека црните кутии се во добра состојба, „барем однадвор“.

Во несреќата загинаа најмалку 68 лица. Спасувачите се борат со лошите временски услови и слабата видливост за да ги пронајдат преостанатите четири лица кои се исчезнати.

Еден од патниците успеал да го сними моментот кога авионот паднал, а застрашувачката снимка можете да ја погледнете во продолжение.

16.01.2023 - 11:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега