(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Наставник натепал ученик, кој му бил и син во училишен двор
Наставникот по физичко образование А.С. во основното училиште „Абдил Фрашери“ во Боговиње брутално го малтретирал својот син со аутизам, кој воедно бил и негов ученик.
На видео снимката која е објавена на повеќе медиуми на албански јазик, се гледа како возрасен човек, за кој се тврди дека е наставникот го тепа ученикот, а потоа го соборува на земја.
– На 08.06.2024 година во 20.30 часот, припадници на полицијата од ПС Камењане, во Боговиње-Тетово, го лишиле од слобода лицето С.А.(42) по претходна пријава од лицето А.А.(45) од истото село, бидејќи на 05.06. 2024 година во училишниот двор во селото, физички го нападнал својот малолетен син – велат од МВР.
Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него, ќе следи соодветниот поднесок, се вели во соопштението на МВР.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа