„Ворнер брос“ за Метју Пери: Неговото наследство ќе живее во срцата на многумина

 

Метју Пери, најпознат по улогата на Чендлер Бинг во хит-серијата „Пријатели“, почина на 54 години.

Извори од полицијата потврдија за „Фокс њуз“ дека Пери бил пронајден мртов во својата када во саботата, 28 октомври.

„Пери починал во очигледно давење во својот дом во населбата Пацифик Палисадес, Лос Анџелес“, изјавија извори за „Ен-би-си њуз“, вклучително и претставник на актерот и органите на редот.

Официјалната причина за смртта сè уште не е објавена.

Телевизиската група „Ворнер брос“, која ги продуцира сите 10 сезони на „Пријатели“ од 1994 до 2004 година, му оддаде почит на Пери: нашиот драг пријател и неверојатно надарениот актер.

„Влијанието на неговиот комичен гениј се почувствува во целиот свет, а неговото наследство ќе живее во срцата на многумина. Ова е ден што го крши срцето и ние ја испраќаме нашата љубов до неговото семејство, неговите најблиски и сите негови посветени фанови“, напишаа од таму.

По малите улоги во Growing Pains, Beverly Hills 90210 и Dream On, Пери ја доби улогата на саркастичниот и невротичен Чендлер Бинг во „Пријатели“. Комедијата за шест пријатели, кои живеат во Њујорк, бргу стана феномен освојувајќи повеќе награди „Еми“ и рекордна гледаност. Финалето од 2004 година достигна повеќе од 52 милиона гледачи во САД, што ја прави најгледаната ТВ-епизода на 2000 години.

30.10.2023 - 18:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега