Во прекин сообраќајот на регионалниот пат Велес - село Извор поради пожар

Опожарена е сува трева на регионалниот пат Велес - село Извор, кај место викано „Пашин мост“, информираат попладнево од АМСМ.

- Поради пожар на сува трева на двете страни на патот, сообраќајот е во целосен прекин, се појаснува во соопштението.

Прекинот во сообраќајот е евидентиран во 15:25 часот.

19.07.2024 - 16:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега