Во последен момент спасено селото Дупјани: Огнот стигнал на неколку метри до куќите (ВИДЕО)
Селото Дупјани е спасено во последен момент, вели првиот човек на Центарот за управување со кризи.
Тој летал во полициски хеликоптер Ми 171. Заедно со екипажот се упатиле кон Галичица, но како што вели, огнот бил на само стотина метри од првите куќи.
-Наместо да продолжи со лет кон Галичица, слета неколку километри подалеку, покрај езерото Осломеј, го закачи ведрото, полета, се спушти над езерото, наполни вода во 2,5 тонското ведро, во низок лет за неколку минути стигна над пламените јазици над селото и со прецизен погодок го стопира најблискиот крак од пожарот кој се закануваше на првите куќи, вели Ангелов.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа