Во Кина лани бројот на жители се намали, првпат по 60 години

 

 

Населението на Кина, најнаселената земја во светот, се намали во 2022 година за првпат од почетокот на 60тите години од минатиот век, соопшти Кинеското биро за статистика.

Минатата година се регистрирани 9,56 милиони родени, а умрени се 10,41 милиони, се вели во извештајот на Државниот завод за статистика.

Населението во Кина е намалено за околу 850.000 луѓе.

Тој пад ќе трае неколку децении, сметаат демографите, што ќе има значителни последици за економијата, општеството и пензискиот систем.

17.01.2023 - 10:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега