ВМРО: Заев и Филипче се опкружени со криминалци
СДС и во време на власт и во време на опозиција секојдневно со скандали за криминал, дрога, корупција. Ова денеска го велат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение до јавноста.
- Заев и Филипче се опкружени со криминалци и уживатели на психотропни супстанци. Партиските функционери на СДС блиски до Заев и Филипче повторно во скандал со користење на дрога. Што има заедничко Филипче со уживатели на дрога и криминалци и зошто постојано настојуваат да се опкружени со нив и на приватни настани и забави. Поранешниот претседател на СДММ Струмица, Андон Стојков и близок човек на Заев и Филипче пред три дена во Штип е фатен од страна на полицијата со дрога. Дали за партиските функционери блиски на Заев и Филипче користењето на забранети психотропни супстанци е честа појава и пракса? Аздисаноста на партиските функционери на СДС нема крај, велат од партијата.
Додаваат дека додека народот нема леб да јаде партиските функционери на СДС користат психотропни супстанци, таков беше случајот и со ексдиректорот на Центарот за истражување и анализи на СДС, Јон Фрчкоски, кога во јавност излегоа фотографии на кои се гледа тој со бела прашкаста материја пред него на работно биро.
- На виделина излезе вистинското лица на СДС и нивните партиски функционери. Пред очите на јавноста со факти и докази излезе вистина за СДС и нивните функционери кои постојано се опкружени со криминалци и корисници на дрога. СДС е синоним за неспособност, предавства и криминал, велат од владејачката партија во соопштението за јавноста.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа