Братучетка на принцот Вилијам е пронајдена мртва
Братучетка на принцот од Велс и војводата од Сасекс е пронајдена мртва во нејзиниот семеен дом.
Роузи Рош (20), внука на чичкото на принцезата Дајана, почина во својот дом во Нортон, во близина на Малмесбери во Вилтшир, на 14 јули. Истрага за нејзината смрт беше спроведена во понеделник во судот во Вилтшир и Свиндон.
Студентката од прва година, која студирала англиска книжевност на Универзитетот Дарам, била пронајдена на имотот од нејзината мајка и сестра. Се вели дека Рош ги пакувала куферите за да оди со пријатели и дека во близина е пронајдено огнено оружје.
22.07.2025 - 18:08
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа