Лефков: Опозицијата само шири сомнителни вести и се обидува да етикетира се што е македонско

 

Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ беше гостин во емисијата ,,За или против“ на телевизија Алфа. Лефков се осврна на денешната собраниска седница околу Ребалансот на Буџетот и истакна дека опозицијата постојано само  омаловажува и нема никаков критички осврт, што според него, во моментов и недостасува во земјата. Меѓутоа, Лефков дополни и дека ваквото однесување на опозицијата може да наштети на демократските процеси во Македонија, бидејќи однесувањето на Владата е многу важно, но исто  така важно е и однесувањето на опозицијата.

,,Зборуваат за пренамена на 4 милиони денари кога во исто време за надоместување на штетата што ја има направено Оливер Спасовски во МВР потребни се 22 милиони евра. Додека УЈП во нивно време ја тресеа скандали за поврат на милиони ДДВ , милиони денари ДДВ од фиктивни фирми , сега тие за одредени проценти од тој износ се обидуваат да скандализираат и тоа само затоа што биле пренаменети од една на друга ставка и тоа на крајот резултираше со вакви навреди од страна на Битиќи“ кажа Лефков.

Лефков кажа дека во земјава во моментов недостасува критичната мисла и борбата на идеи.

,,Една опозиција која што навистина не си го најде своето место. Она што можеме да го видиме што се случува и од најавите и од начинот на којшто се поставува опозицијата се најавуваат навистина валкана кампања за локалните избори. Затоа што во Македонија недостасува критичната мисла, недостасува борба на идеи, борба на платформи. Единствени коишто имаат одредена платформа, се борат за нејзина реализација практично во овој момент е Владата“ истакна Лефков.

Според него, Владата на ВМРО-ДПМНЕ секојдневно ги испорачува предизборните ветувања, и тоа е сосема видливо. Лефков истакна дека опозицијата наместо конструктивни критики постојано омаловажува.

,,Од другата страна наместо критики имаме навредување омаловажување. Гледаме сомнителни вести, ширење на сомнителни вести, обид за етикетирање и сето тоа засилува како што се наближуваат локалните избори“ рече Лефков.

Според Лефков, опозицијата постојано упатува навреди, кои можат да наштетат на демократијата во земјава.

,,Само дополнително да наштети на демократските процеси и на развојот на демократијата затоа што за развојот на демократијата во една држава е еден од сегментите во коишто, не е доволно само Владата туку е многу важно однесувањето и на опозицијата“, вели Лефков.

22.07.2025 - 19:15

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега