ВМРО-ДПМНЕ: Со отпишаните 14 милиони од МЕПСО за блискитe на СДС и ДУИ можелe да се набават стотина противпожарни возила
Со отпишаните 14 милиони од МЕПСО за блискитe на СДС и ДУИ можело да се набават стотина противпожарни возила, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„СДС и ДУИ да кажат колку од 14 милиони отпишан долг од МЕПСО заврши кај нив.
14 милиони евра се пари кои неколку фирми трговци на струја меѓу кои и таа на синот на Муса Џафери ги должеле кон МЕПСО. Ова претпријатие во време на СДС и ДУИ, наместо да ги наплати, ги отпишало.
Како и кој дозволил отпис на 14 милиони евра? Тоа се пари со кои можело да се изградат 14 градинки, 4 училишта, да се набават стотина противпожарни возила, стотина болнички возила.
СДС и ДУИ не мислеле за државата, туку за нив и ним блиски фирми, затоа државата е на ова дереџе на кое што е денес“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа