ВМРО-ДПМНЕ: Не знаевме дека гардата и знамето се во сопственост на Пендаровски

 

Не знаевме дека националната гардата и развиорувањето на македонското знаме е лична сопственост на Стево Пендаровски, вратија од ВМРО-ДПМНЕ по обвинувањата на Претседателот дека му го украле видеото.

„Мислевме дека таа припаѓа на сите граѓани.

Истата гарда и знаме ги употребувал и претседателот Ѓорѓе Иванов. Дали тоа значи дека Пендаровски го крадел Иванов?

Инаку ваквите обвинувања за плагијат доаѓаат од партијата која слоганот за кампања "Повеќе за сите" го украде од една приватна банка во државата.

Очигледно СДС работи како банка која заработува од кредите и камати. Но барем ваквата реакција покажува дека се и тие се восхитуваат на работата на ВМРО-ДПМНЕ“ - велат од ВМРО-ДПМНЕ

06.03.2024 - 10:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега