ВМРО-ДПМНЕ: Македонија изгоре затоа што СДС ја оставија без опрема за гасење пожари и без луѓе
Македонија изгоре затоа што СДС ја оставија без опрема за гасење пожари и без луѓе, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„СДС 7 години не набави ниту едно возило за гасење на пожар.
Владата на ВМРО-ДПМНЕ затекна целосно девастирани институции. Авионите за гасење на пожар не беа оперативни, немаше пилоти.
Со СДС државата целосно пропадна. Затоа што СДС имаше за цел само да ја ограбува и да се богатат поединци на грбот на народот.
ВМРО-ДПМНЕ во најкраток можен рок ги оспособи авионите за гасење на пожари, ја зајакна меѓуинституционалната соработка и се справи со пожарите.
СДС наместо да се извинат за ограбената држава, тие се радуваат мислејќи дека ќе спечалат политички поени, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа