ВМРО-ДПМНЕ: Додека директорот хармоникаш пее и лумпува по кафани во РЕК Битола се случува тотален колапс

 

 


Тотален колапс на енергетскиот систем во Македонија со оваа криминална власт на ДУИ и СДС. Трите блока во РЕК Битола се надвор од мрежа и не произведуваат електрична енергија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Наместо производство на струја од РЕК Битола, државата е доведена да увезува скапа струја, се со цел да не дојде до поголема хаварија на постројките без внатрешно напојување.

Додека се случуваа оваа хаварија во РЕК, директорот си ја работи својата вистинска професија свирејќи на хармоника и лумпувајќи по кафани. Ова е вистинската слика во енергетскиот систем – кога музикант ќе го поставите за директор на најголемиот енергетски субјект во државата – колапс.

Криминалната власт на ДУИ и СДС треба да им одговори на граѓаните:

Дали на повидок е нов криминален тендер за санација на штетите во РЕК Битола? 

Колку ќе платат граѓаните за набавената скапа интервентна електрична енергија за да функционира енергетскиот систем, додека се вон функција се Блок 1,2,3?

Колку чини неработењето на аматерскиот менаџерски тим дојден во РЕК Битола ако  се знае дека во последните 20 дена имало повеќе од 5 вклучувања, а едно вклучување е околу 500.000 евра?

Дали свесно, власта на ДУИ и СДС сака да го уништи РЕК Битола?

За ваквиот хаос и колапс во енергетскиот систем, за целиот криминал направен во РЕК Битола, за минимумот во хидро – потенцијалот, за хакерските напади во МЕПСО, за нефункционалноста и лошото ремонтирање на другите производствени капацитети за производство на електрична енергија, многу скоро ќе има одговорност.

Никогаш не било полошо, важно е да ги поразиме“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

12.03.2024 - 08:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега