Британците воведуваат строго ограничување на брзинaтa – ќе се вози со 16 км/ч
Велика Британија наскоро би можела да воведе ограничувања на брзината од само 16 км/ч (10 милји на час) на многу градски патишта, со цел да се спречат смртни случаи и да се намали бројот на сериозни повреди во сообраќајот, пишува Revijahak.
Организацијата за безбедност на патиштата (RSF) објави истражување во кое се сугерира дека пребрзото возење треба да се сведе на минимум
во близина на училиштата, болниците и околу локациите каде што се одржуваат големи спортски, социјални и културни настани.
Покрај низата препораки за други урбани средини, RSF особено истакнува дека брзината од 16 км/ч треба да стане стандард во овие најчувствителни области.
За споредба, брзината од 16 км/ч приближно одговара на брзината на рекреативен тркач или побавен велосипедист.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа