ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска е единица мерка за неспособност, наместо метропола Скопје го претвори во депонија

 

Кој е како Данела Арсовска. Седи, добива плата и провизии, а Владата и ги плаќа ратите за автобуси кои Арсовска не е способна да ги плаќа, стои во реакција на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на Град Скопје.

„Кадрите на Драги Митковски го водат градот, освен кога Арсовска не му е лута, и му ги разрешува, а него му гори возилото, согласно омилениот метод на Арсовска за пироманство, а СДС и гласа буџет во совет, истиот тој со кој раководат кадри на Левица во неколку скопски институции.

Покрај лажното високо мислење за себе, соочувањето со реалноста се виде на последните избори кога поддршката на градоначалничката Арсовска беше на ниво на статистичка грешка кога и домашните не ја гласаа.

Скопје е нечисто не поради некаква неизгласана програма туку поради некадарноста, криминогеноста и подлоста на Данела Арсовска која добива поддршка од СДС, Дуи и Левица.

Додека Данела Арсовска менува директори секојдневно, а веруваме дека имињата ниту самата не ги памети, треба да се знае дека Градот Скопје го претвори во депонија затоа што фокусот не и е чистотата туку провизиите.

Сите одговорности и надлежности се во рацете на Арсовска. Наместо да бара кривици нека се зафати со работа“, велат од ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата.

14.08.2024 - 10:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега