Викендов доаѓа вистинска есен: Многу дожд и силен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локален дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 13, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне 21 степен.
До крајот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Од петок попладне и во сабота врнежите наместа ќе бидат обилни и над 20 литри на квадратен метар и проследени со грмежи. Во петок и во недела ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец со брзина од над 60 километри на час
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа