(ВИДЕО) Воз во Индија поминал 70 километри без машиновозач

 


Воз со 53 вагони, кој носел иверка и бил насочен кон Пенџаб од Џаму, бил запрен во Катуа за замена на персоналот, но откако машиновозачот и неговиот помошник се симнале возот продолжил да се движи.

Возот се движел со брзина од речиси 100 километри на час и успеал да помине пет станици пред да биде запрен.

„Возот беше запрен откако службеник на железницата постави дрвени блокови на шините“, изјавија официјални лица за ПТИ.

Дрвените блокови помогнаа да се забави возот.

Повредени лица нема, јавува Би-би-си.

Индиските железници наредиле истрага откако товарен воз поминал повеќе од 70 километри без машиновозач.

26.02.2024 - 10:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега