(ВИДЕО) Украина жестоко ја нападна Русија - погоден магацин со дронови, гори кај воениот аеродром

 


Украинските сили во последните часови нападнаа неколку цели во Русија со беспилотни летала.

Експлозиите се слушнале недалеку од селото Октјабрскиј во Краснодарската територија. Руските власти известија дека избувнал пожар во магацин. Тие изјавија дека според првите информации нема жртви и дека пожарникарите успеале да го локализираат пожарот на површина од 1.600 метри квадратни.

Генералштабот на украинските вооружени сили соопшти дека е погоден магацин во кој имало ирански беспилотни летала Шахед, кои Русија ги користи за секојдневни напади врз Украина. Техеран испрати илјадници гореспоменатите беспилотни летала во Москва, па Русија ги лансира речиси секојдневно на цели во Украина.

 

Украинците тврдат дека во погодениот магацин имало околу 400 дронови. Според соопштението, нападот го извршиле украинската морнарица и единиците на Службата за безбедност на Украина (СБУ). Генералштабот тврди дека биле снимени серија последователни детонации.

„Забележан е точен удар на целта. Уништувањето на магацинот на беспилотните летала Шахед значително ќе ја намали способноста на руските окупатори да ги тероризираат цивилите во украинските градови и села“, додаваат од Генералштабот.

 

Со беспилотни летала беше нападнат и воениот аеродром Ханска во реонот на истоименото село во Адигеја, руска република во Северен Кавказ. Пожар бил пријавен во близина на воен аеродром по ноќен напад, според системот за следење на пожарот на НАСА.

 

Локалното население ги слушнало беспилотните летала, но локалните власти се уште не ги објавиле последиците на нападот. Рускиот канал на Телеграм, Астра тврди дека споменатиот воен аеродром е дом на рускиот 272-ри авијациски полк.

10.10.2024 - 09:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега