ВИДЕО: Со бензин ја запали дирекцијата на ЈП Паркови и зеленило

 

 

Во бараките на ЈП „Паркови и зеленило“ доцна синоќа избил пожар во кој биле зафатени околу 20 метри квадратни.

Од Пожарна за МИА информираа дека добиле повик триесетина минути по полноќ и итервенирале до 1:40 часот. На терен изглегле тројца пожарникари со едно пожарникарно возило. 

Од ЈП Паркови и зеленило тврдат дека пожарот е подметнат, а како доказ објавија видео на социјалните мрежи.

-Веднаш на лице место излезе увидна екипа  на МВР за утврдување на причините за пожарот. Снимките од безбедносните камери на претпријатието покажуваат дека пожарот е подметнат од  непознат сторител. ЈП Паркови и зеленило најостро го осудува овој чин на намерно опожарување на просториите на претпријатието и активно ќе соработува со надлежните органи во собирањето на докази за расчистување на случајот, изнаоѓање на сторителите и нивно изнесување пред лицето на правдата, се вели во дописот од Претпријатието.

14.01.2023 - 16:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега