(ВИДЕО) Пред зградата на „Пријатели“ цвеќиња и емотивни пораки: Обожавателите се простуваат од Метју Пери

 

Обожавателите на познатиот холивудски актер Метју Пери од вчера се собираат во Вест Вилиџ на Менхетен за да му оддадат почит. 

Пред канцеларијата на улицата „Бедфорд 90“, која во серијата ја претставуваше зградата во која живееја „пријателите“, обожавателите оставаат цвеќиња, фотографии и пораки за починатиот актер.

Иако серијата се снимаше студио во Холивуд, таа постојано содржеше кадри од шесткатницата во Њујорк, која сега е собиралиште на обожавателите.

 

„Денот кога сите изгубивме пријател“, стои во една од пораките.

Покрај Американците, на улицата Бедфорд 90 се собрани и многу туристи кои се нашле деновиве во Њујорк.


@thatvalchick Ill be there for you #friends #friendsapartmentbuilding #chandlerbing #matthewperry ♬ original sound - Yan Escote

30.10.2023 - 21:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега