ВИДЕО: Објави снимки за кои не може да се потврди автентичноста - емисијата на српскиот политичар Ного објави теории на заговор

 

Теории на заговор без докази. Ваков заклучок може да се донесе од екслузивно најавуваната емисија на контроверзниот политичар Срѓан Ного кој тврдеше дека поседува докази за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот велешки фризер, Панче Жежовски.

Тој објави тонски снимки на кои се слуша гласот на таткото на Вања за кои сè уште не може да се потврди каде се направени и кој ги направил, како и фотографии од бензинска пумпа. Гоно тврди дека таткото на Вања самиот го решил целиот случај.

Во емисијата српскиот политичар раскажува за тоа какво било семејството на Вања, за тоа колку пари имале и за нивните недвижности. Тој тврди дека не е најдена ДНК од првоосмничениот Љупчо Палевски Палчо кој сè уште е во екстрадиционен притвор во Турција. Во емисијата таткото на Вања, Александар е претставен како невин, а според тврдењата на Ного, планот бил да се киднапира и сестрата на Вања.

-Зорица Ѓорчевска, мајка на Вања е ќерка на Ванчо Лазаров. Домника е нејзината мајка, моќна жена. Ванчо и Домника купиле стан од Палчо. По нивната смрт, во станот се вселуваат Вања, Зорица и Миња. Станот го наследува Зорица, а го препишува на Александар. Зорица живеела на Водно, во стан за кој сега се тврди дека е продаден, а не е. Единствен стан продаден, е кај Железничка. Од тие пари, се патувало и купила автомобил. Родителите на Александар, има три станови со вредност од 500 илјади евра, имот во Кучково. Не е точно дека целта е користољубие, бидејќи Александар имал имот кој можел да го продаде, да земе кредит, становите немаат хипотеки“, вели Нога, со цел да прикаже дека таткото на Вања немал потреба од станот на Зорица, теорија која беше пласирана во јавностa.

Ного ја обвинува полицијата дека не го завршила целиот случај професионално.

„Александар Ѓорчевски го решил случајот со исчезнувањето на Вања, кога го поврзал исчезнувањето на Панче Жежовски и автомобилот со исчезнувањето на неговата ќерка. Тој им обезбедил материјали на полицијата. Предал видео снимки. Некои од нив ќе ги видите и во оваа емисија. Заслугите одат кај Александар Ѓорчевски, тој открил и поврзал нешто што не требало да биде откриено. Тој наместо орден, тој е уапсен, ставен во притвор и медиумски сатанизиран. Останува уште да биде убиен“, вели Срѓан Нога.

Тој објаснува дека целта е да се убие таткото на Вања за да не одговара никој. Иако не објави никаков документ како доказ, Нога додаде дека Обвинителството нема никакви докази за поврзаност помеѓу Палчо и таткото Александар Ѓорчевски.

06.01.2024 - 13:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега