(Видео) Неколку секунди од дебатата предизвикаа загриженост: „Бајден изгледа дезориентирано“

„Сè што требаше да направи Џо Бајден е да го повтори својот говор за состојбата на Унијата што ги исполни очекувањата“.
Таа реченица е од почетокот на анализата на „Политико“ за дебатата во која Бајден не само што разочара, велат, туку и им влеа страв кај демократите, меѓу кои може да се слушне дека треба да најдат друг кандидат за претседател.

Дебатата покажа дека Бајден на моменти го губи својот фокус на мисли, што според некои набљудувачи предизвикало „паника“ во Демократската партија и кампањата. Ваквите моменти им дадоа на поддржувачите на Трамп дополнителен материјал за напади. Имено, може да се слушне дека лошиот настап на Бајден во дебатата им наштетил на шансите на демократите да го победат Доналд Трамп на изборите.

 

Дејвид Акселрод, демократски стратег кој учествуваше во победите на Барак Обама во две претседателски кампањи, остро го коментираше настапот на Бајден.

„Изгледаше малку дезориентиран. Стануваше посилен како што одминуваше дебатата, но до тој момент мислам дека паниката започна“, изјави Акселрод за Си-Ен-Ен.

 

„Со Бајден е готово – така предвидувам“, рече Џеј Сурдуковски, адвокат и демократски активист од Њу Хемпшир.

28.06.2024 - 10:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега