(ВИДЕО) Милошоски: Бесмислено е власта да бара поддршка од ВМРО-ДПМНЕ за закони кои што не постојат

„Навистина е несериозно да се одржи вонредна прес конференција на премиерот Димитар Ковачевски на 28 септември, а до ден денес да ги немаме во Собрание законите кои што тој така итно ги најави. За разлика од неодговорноста на власта, ние како пратеничка група следниот ден на 29 септември предложивме закон за измени во законот во енергетика преку кои училиштата и јавните претпријатија и болниците би биле на регулираниот пазар и сакаме да се интервенира што побрзо“ рече денеска на прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

„За жал владејачкото мнозинство, иако законот е само од три члена една недела се уште не замајува дека се преведува предлог законското решение на ВМРО-ДПМНЕ. Односно одолговлекува затоа што власта не е способна да ги достави до Собрание предлог законите кои што Ковачевски кажа дека се итни, дека ги има, дека бара поддршка, а од нив нема ни трага, ни глас во собраниските архиви. И затоа е бесмислено да се говори за поддршка на закони кои што не постојат и не се доставени во Собранието“ вели Милошоски.

Тој рече и дека „по однос на законот за заем кај ЕБОР, ние неколку пати сме кажале како опозиција дека се сомневаме во трошењата на средствата кои што Владата го прави од вакви заеми и од самиот буџет. И видовме дека и одредени медиуми кои што работеа на истражувачко новинарство утврдија дека за време на кризата со пандемија и енергетската криза многу средства биле и злоупотребени за купување на одредени работи кои што немаат допирна точка со здравствената или енергетската криза. И 25 милиони евра од овој закон за заем пред ЕБОР се предвидени за дополнителни плати и вработувања кои што власта недомаќински ги прави во ЕЛЕМ-ЕСМ“.

05.10.2022 - 14:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега