Груби со куфер пред Општина Чаир побара оставка од албанската опозиција


Артан Груби од ДУИ на денешната прес-конференција пред Општина Чаир се појави со куфер. Тој со стихови од рап песна објасни дека куферот е за албанската опозиција од која побара да ги депонираат оставките.

-Песната вели дека им ја разбираме позицијата во која што се ден денес. Актуелниот и формален градоначалник Изет Меџити, како и неговиот нотар кој е овластен потписник Висар Ганиу и му ги потпишува неговите одлуки кој тој ги носи, „им ја знаеме позицијата, но мора да ја види топ листата“. А, на топ листата број еден се луѓево што се тука и граѓаните на Чаир. И затоа нека си го земе куферчето, мало е затоа што толкави му се работите, нека се отпакува и да си замине и да ја ослободи окупираната Општина Чаир, рече Груби.

На новинарско прашање дали стравува дека овој настан од албанската опозиција ќе го проценуваат како провокација и оти ќе може да има тензии, Груби рече дека воопшто нема тензии и посочи дека граѓаните се определиле за европска иднина.

-Тие треба да го одржат својот збор кој го кажаа јавно дека нотаризирале изјави за оставка во случај на пораз со само еден глас, а изгубија со 40 илјади гласови кои ќе станат 80 илјади гласови на 8 мај затоа што граѓаните не сакаат изолација, не сакаат слуги на Мицкоски и на Апасиев, туку сакаат да  бидат претставувани од силна партија и силна коалиција која е европски ориентирана, рече Груби.

25.04.2024 - 16:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега