Битиќи: На 8 мај гласовите се бројат од нула – сите прогресивни сили ќе гласаат против ксенофобијата на ВМРО-ДПМНЕ

Потпретседателот на СДСМ и ко-носител на парламентарната листа во изборна единица 2 на „Коалицијата за европска иднина“ вечерва се обрати на централниот митинг во Чучер Сандево од каде порача дека не постои разлика која е недостижна.

„На 8ми мај, се почнува од почетокот, гласовите ќе се бројат од нула. Борбата не е завршена. Секој од нас има втора шанса да се вклучи енергично, со верба во себе и во СДСМ и да го промени текот на настаните. Ова од нас го бараат нашите деца, нашата држава, ова го бараат за да им ја заштитиме иднината“, кажа Битиќи

Дополнувајќи дека е потребен поглед напред, кон визијата за просперитетна и сплотена Македонија, членка на ЕУ, со силен економски раст и општество во кое секој граѓанин е третиран и ценет подеднакво.

25.04.2024 - 22:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега