(ВИДЕО) Мерко наполни 68 години: Вработените го пофалија дека бил стабилен лидер

 

На овој посебен ден, вработените во администрацијата на Општина Струга му упатуваат најискрени честитки и длабока благодарност на градоначалникот Рамиз Мерко, по повод неговиот 68-ми роденден.
„Во текот на годините на јавна служба, г. Мерко покажа стабилно лидерство, бескомпромисна посветеност и висока сензитивност кон потребите на граѓаните и вработените во администрацијата. Хармонијата и меѓусебното разбирање, како и односот изграден врз основа на заемна почит и отворена комуникација, се доказ за вредностите кои тој ги пренесува во секој чекор од институционалното работење.
Високо ја цениме плодната соработка и позитивната атмосфера која секојдневно ја негува во институцијата што ја води, мотивирајќи нè за чесна, посветена работа со јасна визија.
На овој значаен ден, кој се совпаѓа и со уште еден јубилеен датум, му посакуваме на градоначалникот Мерко добро здравје, семејна среќа и континуирани успеси во неговата натамошна мисија за развој на Општина Струга.
Среќен роденден, Градоначалник!', стои во објавата на ФБ на општина Струга.

14.04.2025 - 18:35

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега