(ВИДЕО) Каевски: Сликите со Ковачев се потврда, бугарското и македонското ВМРО ја кочат нашата европска иднина
Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ на денешната прес-конференција покажа две фотографии држејќи ја едната во левата рака другата во десната рака.
Погледнете ги овие фотографии, посочи Каевски.
„Овие од лево, Мицкоски и Силјановска се од политичката партија ДПМНЕ која не напаѓаше затоа што сме го заштитиле македонскиот јазик во ЕУ.
Главните кочничари на европскиот пат на земјата и подобра иднина на сите наши граѓани.
А ова од десно е европратеник од соседна Бугарија, познат како главен негатор на македонскиот народ, јазик, култура, историја“, истакна Каевски.
Прашањето е што имаат заедничко Мицкоски и Ковачев? Што имаат заедничко Силјановска и Ковачев?, прашува Каевски.
„Бугарското и македонското ВМРО работат на штета на државата, прават сѐ да ја закочат европската перспектива на Македонија.
Мицкоски и Силјановска едно зборуваат јавно, друго прават зад грбот на народот.
Луѓе кои што го едно зборуваат а друго прават не можат да донесат ништо добро.
На граѓаните не им треба претседател кој ќе кочи туку претседател со јасна европска визија кој ќе турка напред по вистинскиот пат.
СДСМ е единствената која нуди реална надеж за подобро утре, за сигурна европска иднина.
Со Пендаровски е остварлива единствената реална надеж за светла македонска иднина- членство во ЕУ.
Затоа на претстојните избори граѓаните ќе дадат силна поддршка за Пендаровски. Ќе кажат НЕ за изолација и ДА за Европа“, рече Каевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа