ЦУК: Испратениот ер-трактор на Дрисла пренасочен е на Скопска Црна Гора

 


Центарот за управување со кризи (ЦУК) вечерва соопшти дека од 15:15 часот се гаси запалено ѓубре во депонијата „Дрисла“ во село Батинци, општина Студеничани, и дека Бригадата за противпожарна заштита интервенира со две возила и пет пожарникари.

Дополнително бил испратен и еден ер-трактор за да помогне во гасењето и да спречи евентуално прелевање на пожарот кон боровата шума и викенд-населбата.

-Пилотот на ер-тракторот укажа дека се работи за горење во централниот дел на депонијата и дека секое фрлање вода од висина може дополнително да ја разгори и да предизвика палење на други спорадични жаришта. Тој не утврдил можност за проширување на огнот кон боровата шума и е упатен да дејствува на пожарите во Скопска Црна Гора, соопшти ЦУК.

09.09.2025 - 20:02

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега